Воведна напомена: текстот кој следи се однесува за американскиот пазар и изворно е објавен на Codingdojo. Состојбите во Македонија се малку поинакви.
Веб развојот во моментов е област која најбрзо се развива и најмногу се бара, и нема никаков знак дека тоа ќе се смени во скоро време. Ова е најдоброто време за почеток во ова поле.
Големи плати и побарувачка која брзо се зголемува
Како што нашето модерно општество навлегува сé подлабоко и подлабоко во дигиталната ера, сé помалку од стандардните offline методи ќе останат нормативни, и сé повеќе ќе транзитираат кон нивните поедноставни online копии. Според американското биро за статистика на трудот, вработувањето на веб развивачи се очекува да се зголеми за 20% во деценијата помеѓу 2012 и 2021 година, што е скоро двојно повеќе од порастот на било која од останатите професии.
Може да видиме дека во последниве две години има огромно зголемување во платата на веб развивачите според побарувачката на талент.
Експанзијата се должи на стремежот кон е-трговија токму бидејќи се очекува дека и продажбата на интернет ќе расте побрзо од регуларната продажба на физичка локација.
Огромниот бран на употреба на мобилни телефони во голема мера е причина за овој предвиден пораст, заедно со потребата новите и старите веб сајтови да ја поддржуваат мобилната платформа. Имено, според извештајот за интернет трендови, кој се објавува секоја година од компанијата за ризични инвестиции Kleiner Perkins Caufield & Byers, употребата на мобилните уреди за конзумирање на медиуми ги надмина десктоп платформите, и не запира.
Најверојатно, исто толку важна е и платата: Како платата во веб развојот стои во однос на сличните занимања?
Според американското биро за статистика на трудот, типичната годишна плата за веб развивач во мај 2012 била 62,500 долари, што грубо е онолку колку што земаат и сличните професии во компјутерската технологија, но многу над сите другипрофесии за 34,750 долари. Како и што споменав погоре, од 2012 се бележи постојан пораст на платите на развивачите заради побарувачката за вработување.
Фактори кои придонесуваат за плата на веб развивачите
Платите на развивачите зависат од многу работи. Овде ги вклучуваме и функциите кои професионалецот ги изведува за своите клиенти/компанија, големината на компанијата, и типот и обемот на искуството кое го има развивачот. Се разбира, и делот од земјата во кој работат развивачите е важен. Слободно може да заклучиме дека платите на веб развивачите во Сан Франциско се повисоки од платите на истите во Омаха.
Исто така, има и неколку патеки и дисциплини кои еден веб развивач може да ги следи врз основа на неговите јаки страни, вештини и интереси, што секако влијае на платата. Некои од најчестите патеки во кариерата на веб развивачите се:
- Front end развивач: Еден front-end веб развивач се фокусира на изгледот и чувството на сајтот, и работи со јазици како HTML, CSS и JavaScript.
- Back end развивач: Еден back-end веб развивач го пишува кодот неопходен за основната логика на веб сајтот: превземање податоци од базата на податоци и соодветно прикажување на истите на корисниците.
- Full stack развивач: Многу пофалувана професија, и со право, бидејќи еден full stack развивач се има прилагодено на сите аспекти од процесот на развој и е способен да обезбеди код и решенија за секој чекор од процесот, од планирање и дизајн до front- и back-end програмирање.
Плати на Front End развивачи
Во минатото оваа професија скоро секогаш се нарекуваше “веб дизајнер.” Меѓутоа во последниве години front-end-от почна да станува покомплексен и вклучува поголема количина на искуство во програмирање. Националните типични плати за front end развивачите одат повисоко од 75,000 долари, а на најголемите пазари се движат од околу 99,000 долари до 125,000 долари.
Плати на Back End развивачи
Иако, веб развивачите кои работат на делот од сајтот кој останува зад сцените не уживаат во својата слава како оние кои работат на видливите делови од веб сајтот, нивните вештини во програмирање им помагаат да добијат и поголеми плати. На најдобрите пазари, просечните плати се движат од 124,000 долари до 139,000 долари. Најдобро платените со поголемо искуство имаат и повисоки плати од споменатите.
Плати на Full Stack развивачи
Сакате да заработувате најмногу? За тоа треба да бидете full stack развивач и да можете да се префрлате од CSS/HTML/JavaScript во back-end Java/Python/Ruby, итн. Компаниите ќе му платат повеќе на еден развивач за да ја заврши и back и front-end работата, наместо да платат двајца за секое поле посебно. На најдобрите пазари, овие развивачи земаат просечна плата која се движи помеѓу 115,000 долари и 146,000 долари.
Уживајте во просперитетната кариера во веб развојот
Со околу милијарда пријавени домени на World Wide Web, развојот на интернетот нема намера да запре. Професијата на веб развивач нуди многу повеќе од висока плата. Нуди флексибилно работно време, личен развој и разнолик спектар на опции за кариера.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест