На дроновите обично им е забрането да летаат во близина на аеродромите, освен ако немаат некоја прецизирана намена, како што е „бркање“ на птиците подалеку од авионските писти.
Долго веќе се бара решение за овој проблем, со оглед на тоа што големите јата на птици можат многу да оштетат авион.
Со оглед на тоа што дроновите со кои што се управува рачно, поради можна лоша контрола од страна на операторите, можат да го испратат јатото во погрешна насока, истражувачкиот тим на компанијата “Caltech” разви алгоритам кој што автономните дронови ќе ги учи како самостојно и ефективно да ги оддалечуваат јатата со птици од аеродромите.
Креаторите откриваат дека биле мотивирани од инцидентот во 2009-та година кога авионот на “US Airways” налета на јато птици во близина на њујоршкиот аеродром „Ла Гардија“, по што му откажа еден од моторите.
Авионот не се сруши и беше избегната трагедија благодарение на искусните пилоти кои што успеаа да го приземјат авионот во реката Хадсон и да ги спасат патниците и членовите на екипажот.
За време на развививањето на алгоритмот, тимот ги проучувал движењата на јатата на неколку видови на птици, структурата на јатата и начинот на кој што птиците реагираат на одредена опасност со цел да се развие математички модел кој би можел да се примени на дроновите.
Системот неодамна бил успешно тестиран и истражувачите заклучиле дека само еден автономен дрон може да ги држи на страна од аеродромот илјадници птици.
Извор: PCPress.rs
Поврзани артикли