Германскиот Mercedes-AMG, односно неговиот сопственик Daimler, сака да им забрани на купувачите на хиперавтомобил Project One подоцна да можат да го препродадат, слично како што тоа го направи Ford со својот модел GT
Германскиот гигант сака да ги спречи купувачите на хиперавтомобилот со клаузула во договорот за купување со кој ќе се спречи подоцнежна препродажба на истиот, со цел профит.
Цената на Project One е 2,6 милиони долари, а ќе бидат направени само 275 единици. Сепак, иако Mercedes сè уште не започнал со достава на моделот до купувачите, веќе се појавиле огласи за негова продажба.
Останува да се види дали Mercedes-AMG може на легален да ги спречи купувачите да го продадат Project One, бидејќи и директорот на Aston Martin, Енди Палмер, минатата година изјави дека компанијата нема да толерира препродавање на моделот Valkyrie.
Што се однесува до погонот на Project One, него го придвижува V6 мотор со зафатнина од 1.6-литри со турбо полнач кој се користи во Мерцедес Formula 1 болидите, како и два електрични мотори од 120 kW на задната оска и два мали електрични мотори на предната оска.
Вкупниот погон е 1000 КС, па од место до 200 km/h забрзува за шест секунди. Mercedes тврди дека автомобилот може да премине 25 километри само на електрична енергија. Сепак, поради неговата тркачка природа, SUS агрегатот мора целосно да се преработи на секој 50.000 поминати километри.