Интернационален тим од астрономи обработувајќи податоци од Кеплер телескопот на НАСА и од Гала телескопите на Европската Вселенска Агенција открија 44 егзопланети наеднаш.
Четири од планетите кружат околу ѕвездите за помалку од 24 часа, тоа значи една година на таа планета трае помалку од еден ден на земјата.
Со ова се потврдија претпоставките дека овој тип на планети се многу почести одколку што се мислеше до сега.
Вкупно 16 планети се со иста големина и класа како Земјата, а една од планетите е дури помала и од Венера.
Нејзиното откривање е доказ за прецизноста на новите инструменти за истражување на космосот.