Јасно е дека љубопитноста и интересот за тоа што ќе видиме на „тие фотографии“ ќе нè натера да ги прескокнеме моралните бариери и да ѕирнеме во туѓиот живот. Никој од нас не е имун на таа „тајна“ што скокотка. И ќе посегнеме, се додека не се сепнеме и размислиме, дали би сакале некој друг да ги гледа нашите интимни фотографии? Како ние тогаш ќе им изгледаме на останатите? Како ќе се спасиме од тие очи што гледаат и осудуваат? Дали би си посакале такво нешто, знаејќи дека хакерите во секое време демнат врз илјадници корисници на паметни телефони со единствена цел – финансиска добивка и посегнуваат по нашите фотографии, лични податоци, контакти, лозинки, документи, банкарски сметки…
Сепак, бидете безгрижни. Македонски Телеком како технолошки лидер прв воведе интегрирана услуга што го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Единственото безбедносно решение на пазарот што нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на лични податоци (фишинг) или хакирање. Услугата е едноставна и се активира со само еден „клик“ на интернет прелистувачот, односно страница што нуди активирање на услугата.
Telekom SafeNet на Македонски Телеком функционира без разлика на типот на уредот или оперативниот систем и не бара инсталирање на нов или ажурирање на постоечки софтвер или апликација на вашиот смартфон, таблет или лаптоп.
Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 Business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до крајот на година. Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели, по што ќе може да ја активираат по цена од само 29 денари месечно.