Веќе некое време кружат гласини дека Apple се подготвува на пазарот да го објави поголемиот модел iPhone X Plus, што би можело да се случи уште оваа есен.
Најголемата потврда на досегашните шпекулации е иконата од наизглед новиот телефон, која се појави во новата бета верзија на оперативниот систем на Apple, iOS 12.
Ја откри инженерот Гиљерме Рамбо кој тврди дека иконите изгледаат недоврпено и дека не би требало да се сфатат како конечен приказ на идните уреди кои Apple планира да ги претстави.
I'm having dejavu. Payment glyphs for "iPhone X Plus", iPhone X (for comparison) and 2018 iPad Pro (which is square and weird). Found in PassKitUIFoundation. pic.twitter.com/H13448oYr8
— Guilherme Rambo (@_inside) August 3, 2018
Сепак, она што би можело да ја потврди веројатноста на ваквото сценарио е фактот дека ова не е прв пат Apple случајно да го објави изгледот на иконата која го претставува претстојниот уред. Тоа последен пат се случи со iPhone X, кого токму преку ваква слична икона го откри Рамбо.
iPhone X Plus, според дизајнот и карактеристиките не би требало премногу да се разликува од минатогодишниот iPhone X, освен кога се во прашање димензиите и повисоката цена.