Сопствениците на електрични автомобили во Велика Британија, кои ги полнат своите автомобили во пик периодите од денот според потрошувачка на електрична енергија, веројатно ќе плаќаат повеќе за тоа
Се препорачува да ги полнат во текот на ноќта за да се избегне преоптоварување на трансформаторите и електричните станици.
Во Велика Британија има 160.000 електрични возила, но нивниот брз раст значи и нивно влијание врз енергетскиот систем кое внимателно да се следи, вели регулаторниот орган, Ofgem. Сега овој проблем достигнува критично ниво, бидејќи земјата го охрабрува купувањето на електрични автомобили.
Ofgem ги советува Британците да не ги полнат електричните автомобили од 16 до 18 часот кога сите се враќаат од работа и вклучуваат различни уреди во мрежата. Наместо тоа, на сопствениците на такви автомобили им се препорачува да користат „паметни полначи“ кои ќе се вклучат во текот на ноќта за да се избегне преоптоварување на мрежата.
Факт е дека сегашниот тренд може да доведе до прекини на електричната енергија, а тоа ќе ги погоди сите џебови. Во исто време, ако електраните се надградат, даночните обврзници ќе мора повторно да трошат. Ова е причината зошто сеуште не се преземени конкретни мерки, но тарифите за оние кои ги полнат електричните автомобили во наведените пик периоди, најверојатно ќе бидат ревидирани. Друга опција е да се обезбедат субвенции за оние кои ќе ги полнат своите автомобили по полноќ. Таквиот закон, сепак, може да ги вознемири оние кои се уште не купуваат електрични автомобили.