Откако Instagram профилите на две познати личности од Бугарија беа хакирани и преземени, се вклучи алармот за виртуелна небезбедност кај нашиот источен сосед.
– Добив мејл, наводно од Instagram, каде што пишуваше дека треба да си го верификувам профилот. Го прегледав внимателно и, за жал, клинкнав за да продолжам натаму. Тоа беше доволно за да добијам известување дека самиот и-меил и шифра ми се сменети, односно дека профилот е хакиран, изјави за бугарските медиуми манекенката Билјана Јотовска, последната жртва на хакерите.
Истрагата за крадењето на профилот се уште е во тек, но информациите говорат дека зад нападот стои организирана група од Турција.
Ален Попович од Бугарската асоцијација за дигитални комуникации посочува дека и многу други познати личности во земјата имаат слични проблеми.