Со години чекаме да се појави батерија што брзо ќе полни и ќе трае многу подолго. Научниците од Кембриџ сега се на прагот на откривање на нешто што ќе ни овозможи полна батерија за неколку минути.
Истражувачите од Кембриџ откриле дека ниобиум и волфрам оксидите овозможуваат многу побрзо полнење на батериите, што драматично може да го скрати времето на чекање да се наполнат електричните возила и мобилните телефони.
Ова е голем скок во прифаќањето на електрични автомобили и соларна енергија затоа што чекањето да се наполни батерија на еден автомобил, за истиот да може да се вози 200 или 300 километри, е една од главните причини поради која многу луѓе не се одлучиле да преминат на електрични возила.
Брзината со која се полни батеријата зависи од бризната со која позитивно наелектризираните литиум-јони можат да стигнат до негативно наелектризираните електроди, а едно од решенијата биле и наночестичките. Сепак, тоа било скап пристап.
Сега, научниците од Кембриџ утврдиле дека литиум-јонот може да помине побрзо низ оксидор од ниобиум и волфрам.
Авторот на истражувањето, Кент Грифит вели дека овие честички се фундаментално различни. Биле откриени во 1965 година, а научниците во тестовите утврдиле дека јоните низ тестираната батерија, поминале стотици пати побрзо отколку вообичаениет електроди.
Следниот чекор за научниците ќе биде оптимизирањето на користењето на овие материи во целата батерија. Тие истакнуваат дека оваа техника дополнително може да се оптимизира, што ќе донесе нови подобрувања во