Сакате да заработите солидни пари? 100.000 долари го очекуваат човекот, кој може да го хакира паричникот Bitfi со криптовалутата на ексцентричниот милионер Џон Мекафи.

Пионерот во антивирусен софтвер објави Твитер дека ќе го додели износот за кој станува збор на секој, кој би можел да го пробие неговиот дигитален паричник.

Мекафи соработува со компанијата Bitfi за да го лансира она што нејзиниот маркетинг го дефинира како „прв дигитален паричник за крипто-валути со отворен код, кој неможе да се хакира“. Ова е хардверски паричник што ги чува приватните клучеви во безбедна средина.

Според Шкотот, иницијативата не е насочена кон откривање потенцијални безбедносни грешки.

„Веќе рековме дека таа апсолутна и паричникот не може да биде пробиен со надворешен напад“.

Условот за учество е сепак да се купи паричник Bitfi со крипто-валута од 50 долари.

Во април, Мекафи се пофали дека зема по 105.000 американски долари од пост на Твитер за рекламирање на крипто-валута или ICO.