Популарниот интернет пребарувач Mozilla Firefox конечно овозможи блокирање на автоматското пуштање на видеоснимки на интернет-страниците кои неговите корисници ги посетуваат.
Најновото издание на експерименталната верзија на пребарувачот под името Firefox Nightly Edition (version 63.0a1) им овозможува на корисниците да изберат дали сакаат да дозволат или сакаат да го исклучат автоматското пуштање на видеата на сајтовите што ги посетуваат.
Firefox 63 ќе биде достапен за корисниците од 23 октомври, па од тогаш сите корисници на пребарувачот кои ќе ја преземат најновата верзија ќе можат да ги блокираат автоматските видеа.
Firefox досега ги блокираше рекламите со автоматски звук, но ова е првпат да нуди опција за блокирање на секој вид автоматска содржина на веб-страниците.
На корисниците им се понудени повеќе опции.
Тие може да изберат да ги блокираат сите автоматски содржини, да добијат известување за секоја страница, па тогаш да изберат дали сакаат да ги вклучат или исклучат автоматските содржини.
Трета опција е, секако, да се овозможи да се прикажуваат автоматските содржини.