Сонот е потребен за одмор на целото тело, но најновата студија открива дека исто така може да послужи и за тренирање на помнењето.
Добриот сон се смета за еден вид на исклучување и одмарање на мозокот, но најновата студија открива дека тоа е одличен период за тренирање и подобрување на помнењето.
Во истражувањето кое што го објави истражувачкиот центар “HRL Laboratories”, се наведува дека помнењето може да биде подобрено со стимулација на мозокот за време на спиењето. Преносот на сеќавањата од едниот во другиот дел од мозокот за долгорочно помнење е процес за кој што се верува дека се зајакнува со нивна синхронизација која што се одвива за време на спиењето.
Истражувачите поради тоа се обиделе да го засилат процесот со „прекуноќна реактивација“, стимулирајќи ги мозоците на испитаниците и имитирајќи го тоа делување.
Учесниците во експериментот притоа во будна состојба детектирале потенцијални закани како експлозивни направи и непријателски снајпери, а нивните резултати значително се подобриле после стимулацијата.
Истражувањето кое што е дел од проектот кој што го финансира американското министерство за одбрана е последното во низа од неодамна објавените студии во кои што се заклучило дека активноста во текот на сонот може да има конкретно влијание на нашата можност за помнење.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли