Некогашниот трговец Ричард Браунинг, пронаоѓач и основач на стартап компанијата Gravity Industries демонстрираше неверојатна способност на својот производ – летачко одело на млазен погон.
Оделото се состои од делови направени со технологијата на 3D принтање, а го покренуваат пет млазни поставени на рацете и грбот на пилотот. Самиот дизајн е инспириран од изгледот на Iron Man, суперхерој од универзумот на Марвел.
Во разговор со телевизијата Ен-Би-Си, конструкторот вели дека оделото троши околу четири литри гориво во минута додека е во лебдечка позиција и може да лета од три до четири минути.
Reports of an unidentified flying man at #SelfridgesLondon have been confirmed. Introducing Gravity Industries, the world's first jet suit, exclusively available at #Selfridges #takeongravity Gravity Industries Jet Suit pic.twitter.com/Jo9ilPkRWo
— Selfridges (@Selfridges) July 18, 2018
– Кога е времето е поладно многу е поголем притисокот, па тогаш можете да летате околу 10 минути. Тоа е нешто на што се уште работиме за да го унапредиме, но неоспорна последица на нашата работа е дека успеавме да полетаме без крила, вели тој.
Цената на овој производ не е мала, дури и за поголемиот дел луѓе кои можат да си го приуштат. Тој изнесува 340.000 фунти, односно 433.000 долари.
За оние кои ќе го купат обезбеден е тренинг каде ќе можат да научат како правилно да го користат.
Поврзани артикли