Меѓународен тим научници сметаат дека се блиску до создавање вештачки ембрион, по користењето на матични клетки од глушец, чија структура овозможува натамошен развој на клетките и ембрионот.
Научниците веруваат дека во иднина ќе може да се создаде и вистински човечки ембрион, што ќе овозможи подобро проучување на раните фази од развојот на човекот, преку вештачки, а не вистински ембрион.
Тимот е предводен од Магдалена Зерницки – Гец, од Универзитетот Кембриџ. Тие претходно, во лабораториски услови, креирале поедноставна структура која наликува на ембрион од глушец. Тој експеримент подразбирал два вида матични клетки и тридимензионална структура на која ќе се развиваат клетките.
Сега, научниците развија структура со помош на три типа матични клетки, со што се овозможува процес на т.н. гаструлација. Тоа е суштински важен чекор, кога клетките на ембрионот почнуваат да се самоструктурираат, што значи правилен развој на самиот ембрион.