Кинеската компанија Xiaomi претстави два нови модели на паметни телефони – Mi A2 и Mi A2 Lite.
Двата уреди го користат оперативниот систем Android One, и тоа „послабата“ верзија наменета за евтините мобилни уреди, иако Mi A2 и Mi A2 Lite се дел од средниот сегмент, па на корисниците би требало да им понуди искуство какво што нуди Android 8.1.
Како што минатогодишниот телефон Mi A1 беше направен врз база на моделот Mi 5X наменет за кинескиот пазар, Mi A2 има речиси идентичен хардвер како и Mi 6X.
Двата уреди имаат 6-инчен LCD екран со резолуција од 1080p со однос на страните 18:9, потоа процесор Snapdragon 660, задни камери од 12 и 20 мегапиксели, „селфи“ камера од 20 мегапиксели со блиц, USB C порт и батерија од 3.000 mAh. Дебелината на двата смартфони е 7,3 милиметри.
Mi A2 e достапен со 6GB RAM меморија и 128GB простор за складирање на податоците.
Mi A2 Lite е помала и поевтина верзија опремена со 5,84-инчен LCD екран со „заб“, резолуција од 1080p со однос на страните 19:9.
Уредот е опремен со процесор Snapdragon 625, има задни камери од 12 и 5 мегапиксели и предна од 5 мегапиксели, Micro USB порт за полнење, 64GB интерна меморија и 4GB RAM. Смартфонот користи батерија од 4.000 mAh, а неговата дебелина е 8,75 мм.
Mi A2 Lite на идните купувачи би можеле да им биде поатрактивен без оглед на цената, затоа што неговиот екран со „заб“ има повеќе искористен простор. Исто така, за разлика од моделот Mi A2, Mi A2 Lite има и влез за слушалки, додека процесорот Snapdragon 625 и поголемата батерија овозможуваат подолго користење.
Моделите Mi A2 и Mi A2 Lite ќе се продаваат во 40 земји ширум светот, се вели во соопштението на Xiaomi.
Извор: B92.net