Хакери украле лични податоци од 1,5 милиони пациенти, жители на Сингапур, односно податоци на една четвртина од жителите, соопшти сингапурското Министерство за здравство.
Тие упаднале во базата на податоци на Министерството за здравство во рамки на „намерен и добро испланиран напад“, се вели во соопштението.
Поединци кои се нашле на удар на кибер нападот, посетувале болници меѓу 1 мај 2015 година и 4 јули оваа година. Меѓу нив е и премиерот.
– Податоците за премиерот Ли Хсиен Лунг, вклучително и информации за препишани лекови за него посебно повеќепати се нашле на удар“, наведува Министерството.
Премиерот двапати успешно се изборил со канцер.
Меѓу украдените податоци се имиња и адреси, но не и медицински информации освен лекарски рецепти.
– Украдени се информации за лекови за околу 160.000 пациенти. Медицинските картони и податоци не се променети ниту избришани. Не се украдени податоци за дијагнози, резултати од анализи или лекарски наоди, тврдат властите.
Поврзани артикли