Како да го намалите трошењето на батеријата на секогаш „гладниот“ iPhone? Ви донесуваме неколку едноставни совети кои можете да ги примените било кога и било каде.
Шефот за развој на софтверот во Apple, Крег Федериги, го поби врежаното мислење дека можете да го намалите трошењето на батеријата на iPhone, ако ги исклучите отворените апликации кои не ги користите.
Всушност, присилното затворање и повторното отворање на апликациите, го скратува животниот век на батеријата. Присилно исклучување, треба да примениме само кога апликацијата не одговара или создава проблеми.
Како тогаш можете да го намалите трошењето на батеријата?
Ќе помогне ако го вклучите Airplane Mode режимот во област со слаб сигнал, за телефонот залудно да не се обидува да пронајде мрежа. Истото важи и за WiFi, ако во близина нема достапни мрежи, како и за Bluetooth, ако не го користите.
Исто така, вашиот iPhone може автоматски да се префрли на режим, преку кој ќе се намали потрошувачката на енергија, кога батеријата ќе падне на 20 отсто капацитет. Во тој случај, наводно, батеријата може да издржи уште 20 минути без полнење, под услов смартфонот да не го оптоварувате со премногу задачи.
Во однос на тоа дека екранот е прилично голем потрошувач на батеријата, обидете се да активирате автоматско прилагодување на светлината.
Така, нема да морате вие да се грижите за тоа, а самиот iPhone ќе се погрижи екранот да се прилагоди на дневна светлина.
Извор: B92.net
Поврзани артикли