NASA е номинирана за Еми наградата за медиумскиот спектакл што го направи со големото финале на Касини вселенското летало кое ја заврши својата мисија со епско нурнување во атмосферата на Сатурн.
Касини леталото помина 20 години во вселената од кои 13 во орбитата на Сатурн, неговото последно патување и согорување во атмосферата на Сатурн беше стримано на интернет и следено од милиони низ целиот свет.
Номинацијата исто така е добиена и заради феноменалните слики што ги направи Касини во своите последни моменти.
Поврзани артикли