Корисниците ќе имаат можност да го заменат екранот на својот премиум уред користејќи попуст од 1.230 до 1.845 денари
Компанијата Samsung денеска најави дека корисниците во Македонија ќе можат да го заменат екранот на своите премиум уреди по поволна цена, доколку им е потребна поправка по истекот на гаранцијата или поправка која не е опфатена со истата. Целта на оваа промоција е да им се овозможи на корисниците решавање на најчестиот проблем и да им се помогне при поправката на нивниот телефон, со попуст од 1.230 до 1.845 денари. Поконкретно, промоцијата опфаќа субвенционирана поправка на физичко оштетување на екранот во рамки на гарантниот рок од 2 години, како и каков било вид на поправка на екранот по истекувањето на гаранцијата.
“Безбедноста, задоволството и грижата за корисниците отсекогаш се приоритети на компанијата Samsung. Континуирано се грижиме за потребите на нашите корисници и им овозможуваме квалитетни услуги. Неовластените поправки на нашите телефони, наместо да го решат, може да го зголемат проблемот, па дури и да придонесат за појава на нов проблем, негативно влијаејќи врз корисничкото искуство и задоволство. Сакаме нашите корисници да бидат сигурни и да можат да се потпрат на нашата поддршка, дури и во случаи кога случајно го оштетиле својот телефон. На овој начин се стремиме да им ја овозможиме најдобрата поддршка на корисниците, правејќи да се чувствуваат безбедно, затоа што ќе знаат дека со сигурност ќе добијат наши овластени сервиси и делови, и дека нивните уреди ќе функционираат како нови.“ – изјави г. Мин Хо Бае, Раководител на Служба за корисници на компанијата Samsung за регионот Адриатик.
Специјалната цена за поправки на телефони чија гаранција е истечена е важечка за Galaxy S7 edge, Galaxy S8 и S8+, Galaxy Note 8 и Galaxy S9 и S9+ уредите. Услугата и попустот за истата за наведените уреди ќе бидат овозможени кај 12 регионални овластени сервисни партнери на компанијата Samsung. Во Македонија, услугата ќе биде достапна од 1 јули до 31 декември 2018 година, во сервисните партнери „АСЦ Мобико“ и „АСЦ Видеодата“.
За повеќе информации можете да ја посетите веб-страницата: http://bit.ly/EkranVonGarancija_mk или да го контактирате нашиот Центар за поддршка на корисници со јавување на телефонскиот број 02 3 207 777.
Поврзани артикли