Летањето со ракетен погон на грбот во вид на ранче не е нешто ново, но кога ќе направите ваков jetpack за под вода, е тоа е нешто навистина посебно. Студент по дизајнот на Универзитетот Лафборо создаде безбеден начин за „летање под вода“ кој може да развие брзина на пливање и до осум милји на час.
Арчи О’Брајан вели дека му требало само една година да го дизајнира овој функционален прототип на својот „CUDA jetpack“, откако дознал дека слични подводни погонски уреди може да чинат колку што чини и еден нов автомобил. Студентот вели дека неговото „милениче“ е создадено многу брзо благодарение на употребата на десетици компоненти кои ги има испечатено на 3D печатач.
Во моментов има планови да „CUDA jetpack“ да влезе и во сериско производство, со тоа што првите модели ќе бидат достапни уште во 2019 година. Сепак, овој ракетен подводен модел не е само за рекреативна употреба. Според О’Брајан, тој е подеднакво корисна алатка за подводно пребарување и спасување.