Пиштол, маскиран како паметен телефон, е достапен на американскиот пазар. Огненото оружје изгледа како масивен паметен телефон со торбичка и неговата цена е 500 долари.
Компанијата Ideal Conceal, развивач на уредот, претстави прототип на пиштолот пред две години. Наречен „Cell phone pistol”“, пиштолот го привлече вниманието на огромен број Американци.
Идејата на производителот е да го направи пиштолот тешко да се разликува од паметен телефон кога е во преклопена состојба. Самиот пиштол е класичен Double Deringer калибар 380.
Во моментов „Cell phone pistol” е достапен само за корисници кои однапред го нарачале уредот. Цената од 500 долари се чини сосема прифатлива за слично маскирано оружје.