Двата сателита од новата мисија на NASA за набљудување на климата се речиси подготвени за погон, соопшти Агенцијата, додавајќи дека ласерите се веќе успешно активирани и работат според очекувањата.
Мисијата под наслов „Експериментално следење на гравитациската обнова и климата“ (Gravity Recovery and Climate Experiment Follow-On – ГРАЦЕ-ФО) не е нов проект, само што сега е надграден со два сателита кои содржат современа, попрецизна технологија. Сателитите беа поставени во Земјината Орбита на 22 мај со ракета на Space X. Нивната задача е да ги следат гравитацијата, нивото на водата на планетава, како и топењето на ледените површини.
Технологијата се разработува веќе една деценија и првпат се практикува во реални услови. Тестирањата ќе траат уште неколку седмици, а потоа следува и официјалниот почеток на мисијата.