GoPro се соочи со значајни деловни предизвици во текот на изминатите неколку месеци, но компанијата се чини дека е добро засега.
Оттаму објавија, дека продажбата на серијата камери Hero надмина 30 милиони единици, објави Engadget. Првиот HD модел се појави во серијата пред девет години. Еден од најпопуларните додатоци Hero5 Black продаде четири милиони единици, со што стана најдобро продаваната камера на компанијата.
И покрај добриот напредок, GoPro се обидува да ги прошири своите приходи. Неодамна, компанијата одлучи да ја лиценцира технологијата за сензори и објективи на Jabil. Jabil Circuit е специјализирана во изработка на електронски решенија и е меѓу добавувачите на Apple.
GoPro беше тешко погодена од влезот на пазарот на евтини решенија на кинеските производители. Тие нудат отпорност на вода, резолуција од 4K и сличен животен век на батеријата.