Кинеските производители на автомобили и натаму се обидуваат да се пробијат во Европа и САД, а до тогаш „вежбаат“ на домашниот пазар.
Еден од таквите е брендот Lynk & CO кој што го лансираше својот прв глобален модел, Кросовер 01.
Станува збор за возило кое што е наменето за сите светски пазари, а пред да пристигне во продажните салони надвор од Кина, тој покажува одлични резултати дома. Имено, Lynk & CO организираше претпродажба на овој модел која што требаше да трае три дена, но целиот контигент на возила бил распродаден за само 2 минути и 17 секунди.
Во тој временски период биле нарачани дури 6 илјади примероци на Кросовер 01 на Lynk & CO, автомобил кој на кинескиот пазар се продава по цена од околу 20 до 26 илјади евра.
Тајната на добрата продажба се крие под каросеријата на овој модел. Имено, кинескиот бренд е во сопственост на Geely која што ја поседува шведската автомобилска компанија Volvo, па Кросовер 01 ја користи истата механичка платформа како најновиот компактен кросовер Volvo XC40.
Овој кинески автомобл со XC40 ја дели и погонскаа единица, трицилиндарски 1,5 литарски турбо бензинец со 150 коњски сили и 2.0 литарски четирицилиндарски агрегат со 190 коњски сили. Подоцна ќе се појави и верзија на хибриден погон која што ќе користи исто така 1,5 литарски бензинец.
Lynk & CO планира да започне овој автомобил да го испорачува во Европа од 2019-та, а во САД од 2020-та година. Засега се произведува само во една фабрика во Кина, а се планира да биде изграден уште еден погон, исто така во Кина. Кога станува збор за возилата што ќе се продаваат во Европа, најверојатно Кросовер 01 ќе се произведува во фабриката на Volvo во белгиски Гент каде што од неодамна започна да се произвоедува Volvo XC40.