Електричниот автомобил E-Tron SUV на Audi летово ќе биде лансиран во Америка, а при крајот на годината и во Европа. Се уште е во фаза на концепт, но привлече доста внимание со своите напредни високотехнолошки решенија, меѓу кои се и паметните странични ретровизори. Наместо класичните странични огледала, електричниот автомобил има 7-инчни монитори, кои се вградени во вратите и се споени на бочните камери кои ги заменуваат огледалата.
Во прилог на исклучителниот простор и стилски чист дизајн, првиот електричен модел на Audi нуди вонредна релаксирана атмосфера, која за возврат се претвора во совршена сцена за аудио системот Bang & Olufsen 3D Premium Sound System.
Комплетниот SUV модел нуди и целосно нов концепт за управување и контрола на функциите. Audi e-tron е првиот сериски произведен автомобил со виртуелни ретровизори.