Граѓаните на општина Чаир добија ново место за дружење, спорт и рекреација
Денес во Топанско Поле во општина Чаир, во присуство на многу граѓани од сите возрасти, рекреативци, реномирани спортисти и спортски друштва, како и претставници на локалната самоуправа и претставници на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје, свечено беше пуштена во употреба единаесеттата „Coca-Cola Активна зона“.
Чаирската „Coca-Cola Активна зона“ го означува почетокот на третиот циклус од проектот, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште четири „Coca-Cola Активни зони“ во различни општини.
„Навистина сум среќен што ‘Coca-Cola Активните зони’ станаа препознатлив синоним за дружење и рекреација и место за инклузија на сите граѓани од различни категории, кои имаат исти интереси – дружба и спортување. Ветувањето што го дадовме во 2016 година, дека нашите заеднички ’Coca–Cola Активни зони‘ ќе никнат ширум Македонија, го потврдуваме и денес со отворањето на првата од петте овогодишни зони што ќе се постават во периодот што следува. Сигурен сум дека жителите на Чаир ќе го сакаат ова спортско-рекреативно место за дружење, ќе се грижат за него и вистински ќе уживаат во времето поминато овде. Особено сме горди на ’Coca-Cola Активните зони‘, затоа што тие се уште една потврда за нашите долгорочни заложби за придонес во заедницата и за вложување во проекти од кои придобивките ги ползуваат сите граѓани на Македонија“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.
Инаку, „Coca-Cola Активните зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.
Настанот го проследија голем број жители од општината, медиуми и претставници од општината, предводена од градоначалникот, г. Висар Ганиу.
„Едно вакво спортско-рекреативно катче е повеќе од добредојдено во општина Чаир и благодарен им сум на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, кои со задоволство го прифатија нашето барање за отворање на зоната и во нашата општина. Се надевам дека ’Coca-Cola Активната зона‘ ќе стане најпосетено место во околината, каде што жителите на Чаир ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава“, изјави г. Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.
Покрај претставниците од спортските клубови и друштва на територијата на општина Чаир, присуствуваше и асот на македонското борење, Хајруш Синани, но и проф. Бесник Талаи, на кои им беше доделено признание за најактивни жители на општина Чаир, за нивниот особен придонес кон спортот и промоција на спортот во општината.
Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење. Имено, како дел од истата платформа, во изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата Coca-Cola реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 10-те „Coca-Cola Активни зони“ од 2016 и 2017 година за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.
Поврзани артикли