Германскиот премиум произведувач, Porsche, најави дека неговиот прв електричен модел Taycan (првобитно наречен Mission E), ќе пристигне на патиштата веќе следната година, но понудата не би била комплетна ако нема и кросовер.
Porsche пред неколку месеци во Женева го претстави и Mission E Cross Turismo, кој е комбинација од моделите Macan, Panamera Sport Turismo и Taycan, кросовер од типот на Tesla Model X.
Сега, Германскиот произведувач потврди дека Mission E Cross Turismo, на пазарот ќе пристигне кон крајот на 2021 година.
Ќе видиме како пазарот ќе реагира на овој „SUV“, бидејќи поради неговите карактеристики ќе биде многу тешко да се продава како таков тип на возило.
Причина за тоа е фактот дека Mission E Cross Turismo е низок како Panamera, а ниту останатите параметри не се карактеристични за „теренско“ возење, туку повеќе наликува на тркачко возило.
Меѓутоа, Mission E Cross Turismo беше само прототип, па нема сомнение дека до 2021 година Porsche ќе направи бројни измени, за да има конкурентен модел на сѐ поконкурентниот пазар.
Извор: B92.net
Поврзани артикли