Една од најпопуларните социјални мрежи во светот Instagram постојано воведува новини, се со цел да привлече поголем број на корисници и да ги задоволи потребите на постојаните корисници.
Последната новина која Instagram ја направи е тоа што воведе музички стикери. Истите се со голем избор на песни кои се поделени во жанрови, меѓу кои има и многу актуелни хитови.
Сите корисници на Instagram во нивните Stories ќе можат да ги вметнуваат овие новитети со тоа што самите објави ќе бидат содржински побогати.