Американската компанија за онлајн плаќања PayPal Holdings е во потрага по други превземања на компании откако за 2,2 милијарди долари го купи шведскиот финансиски технолошки стартап iZettle.
Преземањето беше и воедно најголема зделка на PayPal. Компанијата е подготвена да инвестира до 3 милијарди долари годишно на спојувања и аквизиции со цел да го зајакне своето влијание, пишува Reuters.
PayPal по раздвојувањето од компанијата за онлајн продажба Ebay во 2015, се префрли од процесирање на онлајн трансакции за својата матична компанија на широка палета услуги за дигитално плаќање.
Поврзани артикли