Јапонскиот производител на автомобили Mazda повлече речиси 270.000 возила откако било утврдено дека постои опасност воздушните перничиња да експлодираат.
Хемикалиите, кои служат за надувување на воздушните перничиња под одредени околности, може да создадат многу поголем притисок од предвидениот и да предизвикаат експлозија на металниот канистер во кој се наоѓаат.
Шрапнелите кои би се разлетале во тој момент би можеле да предизвикаат смрт.
Спорните воздушни перничиња „Таката“ се вградени во моделот Mazda 6 од 2003 до 2008 година, „маздаспид 6“ од 2006 до 2007 година и во моделот MPV од 2004 година.