Во изминатите неколку години технолошкиот сектор ширум светот бележи импресивни бизнис резултати, па затоа воопшто не изненадува тоа што првите 10 места на листата со највредни компании се токму технолошките компании.
Според “Global Top 100” на “PwC”, трговската капитализација на 100-те најголеми комапнии на светот пораснала за 2,597 милијарди долари, односно за 15% повеќе во однос на минатата година.
Американската „Амазон“ е најуспешната компанија според апсолутниот пораст на трговската капитализација, остварувајќи вредност од 278 милијарди американски долари или 66% во однос на 2017-та година. Следуваат две кинески компании – Tencent со пораст за 224 милијарди долари и Alibaba со пораст од 201 милијарди долари.
Следните три најуспешни компании доаѓаат од САД – тоа се Microsoft, Alphabet и Apple.
Сепак, Apple и натаму има најдобра почетна позиција кога станува збор за трговската капитализација и тоа дури седма година по ред. Меѓутоа, предноста на оваа компанија пред Alphabet, компанија која што се наоѓа на второто место се намали за 25%, забележувајќи пад од минатогодишните 175 милијарди долари на овогодишните 132 милијарди долари.
Од Apple исто така на акционерите им исплатиле најмногу од сите останати друштва, исплаќајќи дополнителни 31 милијарди долари на вложувачите во облик на дивиденди и откуп на акции во календарската 2017-та година.
Кога станува збор за секторите, технологијата веќе трета година по ред е на првото место пред финансискиот сектор и стоката за широка потрошувачка.
Трите најголеми компании се од технолошкиот сектор – Apple, Alphabet и Microsoft, а следуваат и Tencent на петтото место и Facebook на осмото место.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли