Технолошките напредни дронови произведени во Кина изгледаат како гулаби и се движат како вистински птици.
Кина го зголеми нивото на безбедносна контрола со помош на јата технолошки напредни дронови кои изгледаат како птици. Овие небесни роботи веќе се користат во подрачјето на Сјинџанг во северозападна Кина, каде што полицијата ги користи за да го шпионира населението. Наводно, повеќе од 30 владини воените агенции користат вакви дронови во најмалку пет провинции веќе неколку години. Секој дрон е дизајниран да се движи како птица и да носи мала камера која испраќа слики на контролорите.
Западните краеви на Кина се граничат со Монголија и Казахстан и во нив живее голем број муслиманско население. Кинеската влада наводно смета дека тоа подрачје е седиште на сепаратизмот и сака подобро да го надгледува локалното население.
„Новата програма на шпионски птици со кодното име ‘гулаби’ ја води Сонг Бифенг, професор на Северозападниот политехнички универзитет во Хијан, главниот град на севернозападната провинција Шанкси“, објавил „Источна Кина морнинг пост“.
https://youtu.be/fn-JwyWw-hc
Сонг претходно бил научник во програмата Ј-20 стелт млазњак, па Народноослободителната армија (кинеската војска) го пофалила поради неговиот труд, пишува на интернет-страницата на Универзитетот. Програмата со дроновите сега е на релативно ниско ниво на скалата на развој, но во иднина би можела да се развие и да се задоволат потребите на воениот и цивилен сектор.
Освен камерите, дроновите се опремени и со ГПС-антена, систем за контрола на летот и антена за поврзување на податоците кои овозможуваат да се контролира на далечинско од една локација. Пред воведувањето во службата спроведени се речиси 2000 пробни летови и се покажало дека повеќето луѓе, но и животни ги сметаат за обични птици.
Дроновите имаат крила во ширина од 50 сантиметри и можат да летаат со брзина од 40 километри на час, максимално 30 минути. Секој од нив е тежок 200 грама и содржи софистициран софтвер кој го стабилизира видеопреносот од камера, додека два ротора ги движат крилата од доле кон горе.
Идејата е Американското воздухопловство да развие свои соколски дронови кои би можеле да пресретнат странски беспилотни летала. Во Кина се стравува дека ваквите странски елементи би можеле да навлезат на нивна територија, а на овој начин ќе можат да го одбранат воздушниот простор.