На интернет се појавија рендери на новите предводници на Google – Pixel 3 и Pixel 3 XL, прикажани во CAD-формат. Од нив излегува дека третата генерација на паметни телефони на интернет гигантот ќе имаат стерео звучници, „notch“ на предниот екран (кај поголемиот Pixel 3 XL) и една задна камера.
Еве го Pixel 3:
А ова е Pixel 3 XL:
Предметниот „пресек“ е потесен од оној на iPhone X, но од друга страна, тоj не постои во poмалиот Pixel 3, каде што рамките околу екранот се потенки. Ова укажува на тоа дека уредот може да има формат 18:9 на екранот, иако соодносот екран-куќиште не е толку импресивен. Очекуваме 5,4-инчен дисплеј со вкупна големина од 145,6 x 68,2 x 7,9 мм.
Pixel 3 XL ќе има екран со формат 19:9 и физички параметри од 158 x 76.6 x 7.9 mm. Во двете верзии имаме USB-C-врска.
Поголемиот Pixel 3 XL изгледа повеќе или помалку идентичен со Pixel 3 во задниот дел. Тој, исто така, доаѓа со една камера на задната страна, која може да ги разочара фановите. Другите клучни елементи од дизајнот исто така се идентични со помалиот модел.
Покрај тоа, рендерите се придружени и со видео клипови, така што можете да ги видите моделите на најдобар можен начин.