Google планира да објави на пазарот 2-во-1 хибрид што ќе работи на Chrome OS, кој ќе биде еден од најмоќните од типот на пазарот. Предвидената цена на уредот е 500 долари.
Според извори од компанијата, на кои се повикува XDA-Developers, развојот на хибридниот „Cheza“ е во финална фаза. Моделот ќе работи со процесор Qualcomm Snapdragon 845, како и со графичкиот акцелератор Adreno 630. Повеќе детали за 2-во-1 уредот не се познати во моментот, но е сигурно е дека „Cheza“ ќе работи на Chrome OS, со која работат и т.н. chromebook компјутери.
Google ќе се натпреварува со новиот поевтин iPad, што беше претставен во март оваа година. Моделот ќе се нуди по специјални цени за ученици, студенти и професори – бидејќи во секторот на образованието Chrome OS е најпопуларен.
Се очекува интернет компанијата да го претстави хибридниот „Cheza“ во октомври годинава, откако истовремено ќе ги најави и двата нови флегшип смартфони – Pixel 3 и Pixel 3 XL.