Во пресрет на летните одмори Vip воведува промотивна понуда за пакетите Vip Roam Surf, со која на своите корисници им овозможува уште повеќе интернет во роаминг. Пакетите Vip Roam Surf овозможуваат слободна интернет комуникација за резидентните и бизнис корисниците со целосна контрола на трошоците во странство.
Промотивно, со активација на Vip Roam Surf XL пакетот корисниците добиваат промотивни 2GB интернет во роаминг за само 499 денари со што можат да бидат онлајн во секој момент од своето патување.
Дополнително, сите нови корисници на тарифите Vip Neo L и Vip Neo XL ова лето можат опуштено да сурфаат додека се во странство, бидејќи добиваат 2GB интернет во роаминг можат да го користат до крајот на септември 2018, без дополнителна наплата.
Со цел да уживаат во придобивките за користење интернет по најповолни услови при престојот во странство, сите постпејд корисници на мобилната телефонија можат да ги користат роаминг пакетите на Vip со кои несаканите трошоци стануваат минато бидејќи откако ќе биде истрошен вклучениот интернет во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. За да може корисникот да продолжи да користи интернет во роаминг, може да активира дополнителен роаминг-пакет.
Пакетот Vip Roam Surf XL и промотивните 2GB интернет во роаминг во тарифите Vip Neo L и Vip Neo XL важат во 23 земји и оператори во Европа, меѓу кои: Италија, Германија, Шпанија, Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Албанија, Турција и други.
Доколку корисникот премине на мрежата на роаминг – оператор што не е вклучен во пакетот, пристапот до интернет ќе биде прекинат, а преку SMS порака корисникот добива инструкции како да продолжи со користење на интернет во роаминг. Проверка на преостанат интернет е достапна со испраќање SMS порака со текст STATUS INTERNET на бројот 1490.
За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 077 1234.
Поврзани артикли