Популарната бесплатна апликација за обработка и за споделување на фотографии преку мобилните телефони Instagram го премина прагот од една милијарда корисници. Оваа информација ја потврди креаторот на Instagram, Кевин Сајстром потсетувајќи дека во септември минатата година заедницата броела 800 милиони корисници.
На овој начин Instagram се вклучи во клубот на апликации кои имаат повеќе од милијарда корисници, како Фејсбук, Ватс ап и Месинџер.
Instagram е покренат во 2010 година, а го осмислија Кевин Сајстром и Мајк Кригер. Две години подоцна, во 2012 Facebook го купи Instagram за милијарда американски долари.
Поврзани артикли