Најмалиот компјутер на светот, односно електронскиот склоп кој може да се нарече компјутер, според новиот проект зазема нешто повеќе од 0,03 кубни милиметри простор. На Универзитетот во Мичиген, имено, развиен е склоп, чии три димензии на мерка се само 0,33 милиметри во должина, ширина и висина.
Ова не е прв пат на овој Универзитет да биде изработен најмал компјутер на светот.
Претходно тој рекорд го држеше склопот Мичиген Micro Mote со големина 2х2х4 милиметри, но оваа година го премина IBM со компјутер “голем” само еден кубен милиметар (1x1x1 mm).
Сега рекордот се врати во Мичиген. Овој компјутер е премал за да има вградена антена за безжичен пристап, па тој се “програмира” и со него се управува преку светлината.
Во склопот се наоѓа уште и работната меморија, приемници и предајници на безжичните светлосни сигнали. Дури и струјата за напојување на работата на овој микрокомпјутер ја добива од светлосната базна станица која управува со него.
U-M researchers from @UMengineering have taken their research one step further (or smaller) and created the world’s smallest computer measuring just 0.3 mm. https://t.co/5JnYhOd7eT pic.twitter.com/NUMEJa151J
— University of Michigan (@UMich) June 21, 2018