Најновиот изум на американските научници, најверојатно ќе биде почеток на една нова ера во производството на протези за екстремитети. Инженерите од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ развиле електронска кожа, чија уникатност е во тоа што е способна да испрати сигнал за болка до церебралниот кортекс. Се претпоставува дека таквата функција навистина ќе ја осигури безбедноста на овие протези, односно на нивните сопственици.
Познато е дека камен на сопнување на која било квалитетна протеза е неможноста да се почувствува. Истражувачите веруваат дека не е потребно само чувството, туку и чувството за болка во протезата. Моментот на инстант болка со помош на рефлекси, може да биде клучен во обидите да се избегне опасноста од надворешната средина.
Новата развојна компонента е тестирана на 29-годишент човек со ампутирани раце. Тој објави дека чувствувал сензации кои ги пренесува протеза со електронска кожа на површината. Дополнителните тестови следуваат.