Забраната на употребата на пластиката може да биде ефикасна во намалувањето на отпадот, но поради слаба примена на многу такви забрани досега биле неефикасни“, се наведува во објавениот извештај на Обединетите Нации.
„Со прописите кои го ограничуваат користењето на пластичните кеси намалена е нивната употреба во земјите како Мароко, Руанда и делови од Кина, понегокаш и во значителна мерка, но на други места пак, ситуацијата не стои така добро“, стои во извештајот.
Забраната на пластиката во Њу Делхи имала само ограничено влијание „поради слабата примена“, се укажува во извештајот.
Инаку, Обединетите Нации имаат изнесено низа препораки за поефикасна забрана на пластичните кеси, од охрабрување на соработката на компаниите до пружање субвенции.