Сакате да станете програмер.
На кратко, најбрзиот и најлесниот начин да станете програмер денес е да се фокусирате на веб развојот. Имено, може да станете добар веб програмер за само 6 месеци, а во овој текст ќе добиете план по месеци за начинот на кој може да го направите тоа. Планот не е многу збиен, и има за цел да ви даде општа претстава за јазиците за програмирање кои можеби би сакале да ги научите, и редоследот по кој би требало да ги учите.
Ако одлучите да прочитате само еден текст на овој блог, тогаш тоа нека биде овој.
Месец 1: Направете едноставен веб сајт (HTML и CSS)
Поминете го првиот месец учејќи HTML и CSS, јазиците кои се употребуваат за да се направи еден основен веб сајт. HTML и CSS несомнено се двата најлесни јазици за програмирање кои може да ги научите. Тие полека ќе ве воведат во програмирањето пред да преминете на нешто поголемо, нешто што ќе биде поголем предизвик. Сé што ви треба е вашиот компјутер!
Дизајнирање и градење на ваш едноставен веб сајт е одличен начин да научите HTML и CSS. Може да следите и нашите курсеви на далечина за HTML и CSS, при што ќе имате помош од искусни ментори. Може и самите да ги истражите HTML и CSS, но тогаш би ви било малку потешко, затоа што на интернет има и премногу информации. Секако, прво треба да ги најдете парчињата од една сложувалка за да може потоа да ги составите.
Најголемиот проблем со самостојното учење од материјали на интернет е тоа што сте оставени сами на себе. Ќе најдете бесконечно многу материјали (на англиски јазик) но тоа само ќе ви донесе хаос и фрустрации. Кога сте почетник, имате многу прашања и ќе ви се случува да заглавувате и на наједноставни работи. Наоѓањето одговор е она што ќе ве чини многу време. За ваша среќа, совладувањето на овие работи со помош на ментор значително ќе ви го олесни животот.
Како и да е, не би требало да ви треба повеќе од еден месец за да добиете солидна основа во HTML и CSS. Потоа, може да продолжите со вистинско програмирање.
Месеци 2 и 3: Front-End развој (JavaScript)
JavaScript е јазик за програмирање кој ви овозможува да ги направите веб сајтовите интерактивни. Јазик кој треба да го научите од две причини:
- не бара инсталација
- може да го употребите во вашиот HTML и CSS веб сајт.
JavaScript програмирањето понекогаш се нарекува и front-end развој, а неговите скрипти работат на корисничкиот компјутер.
Кога ќе почувствувате дека сте го совладале јазикот, дизајнирајте и изградете сопствена веб апликација со JavaScript. За да го направите ова ќе треба да научите како да планирате, дизајнирате и изградите програмерски проект. JavaScript е возбудлив јазик со многу можности, кој многу ќе ви помогне во реализацијата на идејата да станете добар програмер. Ќе ви бидат потребни два месеци за да го научите и за да почнете да го употребувате.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест