Диносаурусите често се претставени како немилосрдни суштества со огромни заби и јазик кој се протега надвор од нивните усти слично како кај гуштерите.
Но, новото истражување откри голем проблем со оваа класична слика. Диносаурусите не можеле да го извадат јазикот надвор од устата како што можат гуштерите, туку нивните јазици биле приземјени на дното од нивните усти, на начин сличен како оној кај алигаторите.
Научници од Универзитет на Тексас заедно со Кинеската Академија за Наука го направија откритието со споредување на хиоидните коски (коските кои што го подржуваат и приземјуваат јазикот) на денешните птици и крокодили со оние на нивните изумрени динсауруски роднини.
Истражувањето исто така помогна да се одговорат прашања околу настанувањето на птиците како и диверзитетот и подвижноста на јазиците кај денешните животни.
Поврзани артикли