Samsung на почетокот на годината ги објави своите планови да прозведе паметен звучник со интегрираниот виртуелен гласовен асистент Bixby, чија промоција би се одржала во втората половина на 2018. година.
Досега немаше дополнителни информации за уредот, но „Let’s Go Digital“ откри патент од Samsung, кој можеби претставува сличен уред. Пријавата е поднесена во ноември и вклучува дијаграми на паметен звучник, кој ќе има компактен дизајн и ќе личи на робот. Кога командата е издадена од страна на корисникот, неговиот горен дел ќе ротира.
Камера за откривање на лицето исто така ќе биде интегрирана во врвот на екранот. Ќе бидат достапни и најмалку седум микрофони за препознавање глас и звук. Импресионира и присуството на екран на допир кој ќе се користи за интеракција и репродукција на информации.
Паметниот звучник ќе поддржува LTI, WiFi, Bluetooth, NFC, GPS, а најверојатно и USB и HDMI опциите за поврзување. Исто така, постои мала можност за вклучување со приближување на прст или електронско пенкало.
Се разбира, се уште не е јасно дали овој дизајн ќе биде зачуван, како и опишаните функционалности. Можно е звучникот со Bixby да биде претставен заедно со новиот фаблет на компанијата Galaxy Note 9.