Министерот за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт на Велика Британија, Метју Хенкок, предложи забрана за користење на мобилни телефони во училиштата. Според него, употребата на мобилни телефони од страна на децата во училиште е директно поврзана со нивните образовни постигнувања.
„Некои училишта во земјата едноставно ги забранија. Сега ова прашање е во рацете на училиштата, а не на владите, но им се восхитувам на оние директори кои не дозволуваат користење на мобилните телефони во текот на училишниот ден. Ги охрабрувам повеќето училишта да го следат примерот“, потенцирал Хенкок.
Претходно беше објавено дека на вработените во Белата куќа им беше забрането да ги користат мобилните телефони за време на работниот ден.
Поврзани артикли