Доколку одите на сајтот messages.android.com, ќе ве дочека нова веб-страница со порака: “Испраќајте пораки од својот компјутер со Messages за Web”. Тука е и QR кодот, како и инструкциите за негово скенирање преку Android Messages апликацијата на мобилниот телефон.
За да се почне со користење на сервисот, потребно е да се отвори Android Messages на телефонот, да се притисне на трите точки во долниот десен агол и да се притисне опцијата “Messages for web”. Доколку не ги видите овие опции во својата апликација, Google истакнува дека тие ќе им пристигнат на корисниците во текот на неделата.
Покрај најавата на десктоп сајтот за Android Messages, Google ја искористи приликата за да потенцира и некои други нови функции на сервисот. Меѓу нив е и копчето за пребарување на GIF-ови, Smart Peplies е достапен за сите кои користат англиски, in-line линк преглед и друго.
Поврзани артикли