Густиот воздух на Венера кој што се врти многу побрзо од самата ротација на планетата е толку силен што кога удира на страните од планините успева да ја зголеми ротационата брзина на Венера.
Компјутерски симулации покажаа дека атмосферата на Венера која се движи околу планетата со брзина од 100 метри во секунда произведува доволно сила на едната страна од планините како и вакум на другата со што ја убрзува ротационата брзина на планетата за околу 2 мините на секој Венерен ден.
Но тоа не е многу ако се земе во обзир дека планетата ротира еднаш на секои 243 Земјини денови. Во споредба со нејзината ротација, атмосферата на Венера ја обиколува планетата на секои 4 Земјини денови.
Симулациите на планетарниот научник Томас Навари се првите што како фактор го користат бранот од облаци долг 10,000 километри, првпат приметен во 2015. од страна на Јапонското вселенско летало Акацуки.
Слични атмосферски бранови се појавуваат и во Земјината атмосфера кога воздухот поминува преку некоја планина, но тие брзо се распаѓаат заради ветрови што дуваат во спротивен правец.
Не само што атмосферата на Венера се движи многу побрзо од ротацијата на планетата туку е и во иста насока, тоа дозволува овие атмосферски бранови да опстанат долго време.
Следни мисии ќе вклучат и летало кое што ќе слета на планетата со што конечно ќе се разјаснат детали околу големината на јадрото на планетата. Со овој потфат научниците очекуваат да ја откријат мистеријата што ја прави Венера да биде толку вонземјанска планетата кога од целиот сончев систем таа е најмногу слична со Земјата.