Како што Apple има нова Screen Time функција, која во iOS 12 верзијата мери колку време поминувате на својот iPhone секој ден, Instagram наводно планира на своите корисници да им овозможи нешто слично.
Според фотографиите од Android APK кодот на апликацијата, Instagram ќе ја користи функцијата под името User Insights, која ќе прикажува колку често корисникот ја користи Instagram апликацијата секој ден.
Сервисот кој е во сопственост на Facebook, има уште една функција во развој, а таа ќе им овозможи корисниците на Instagram да лимитираат колку извесѕувања ќе добиваат од апликацијата, што во теорија би можело да го намали времето кое го поминуваат на апликацијата. Новото хамбургер мени на профилната страница ќе го отвора менито кое вклучува и линк кон “User Insights”.
Иако “User Insights” функцијата се уште не е официјализирана од Instagram, трендот за поздрава употреба на смартфонот е се повеќе актуелен. Слични функции и карактеристики се очекуваат од уште повеќе апликации, а следниот чекор би можел да биде и гаснењето на апликациите или теелфонот во одредени интервали кога апликацијата/телефонот се користат предолго.
Поврзани артикли