Шведскиот гигант IKEA најави дека до 2020 година ќе престане да продава пластични производи за една употреба, пренесоа британските медиуми.
Продажбата ќе престане во сите продавници на IKEA ширум светот, а шведската компанија ќе се посвети на производи кои ќе можат да се препородаваат, да се преправат или да се рециклираат.
Потегот на шведската компанија се надоврзува на најавата на Европската унија дека ќе забрани пластични производи како цевчиња, хигиенски марамчиња и стапчиња за мешање пијалок, како и стапчиња за држење балони.
Најавата за сопирање со продажба на пласитчни производи за еднократна употреба е составен дел на плановите на IKEA во иднина во производството да користи само обновливи материјали како и оние кои можат да се рециклираат. Исто така сакаат до 2025 година потполно да ја елиминираат емисијата на штетни гасови.
Поврзани артикли