ZTE загуби околу три милијарди долари од пазарна капитализација во рок од еден ден. Ова се случи откако акциите на компанијата почнаа повторно да се тргуваат по постигнувањето на договор со американската влада за укинување на тешките санкции.
Во услови на зделката фигурира плаќање на 1 милијарда долари казна, депонирањето на уште 400 милиони долари во „еscrow“ сметка во американска банка и посветеност за персонални промени во раководството на компанијата.
Според аналитичарите, падот на акциите ќе продолжи и на краток рок, бидејќи инвеститорите се уште не се сигурни за иднината на ZTE. Во моментот на берзата во Хонг Конг цената на акциите се намали за 41% и достигна најниско ниво во изминатата година.
На берзата во Шенжен, шокот беше помек, поради правилата што ги ограничуваат промените на цените до 10% на ден. ZTE се очекува да ја плати казната во рок од неколку дена и да продолжи со работа