Кинеската компанија Xiaomi ги претстави своите нови модели на смартфони Redmi 8 и Redmi 6A во Кина.
Redmi 6 нуди 5,45-инчен LCD дисплеј со сооднос од 18:9 и 720 x 1440 пиксели резолуција. Процесорот е 12 нм, 2.0ГХз Хелио П22, дополнет со три гигабајти РАМ меморија. На пазарот ќе се нудат верзии со 32 и 64 ГБ меморија за апликации. Камерата е двојна со главен сензор од 12 мегапиксели и втор со 5 MП резолуција.
Во согласност со модата, камерата вклучува вештачка интелигенција за режим на портрет и „боке“ ефект. Селфи камерата има резолуција од 5 мегапиксели и исто така може да се користи за отклучување на уредот. Задниот панел на телефонот, исто така, нуди сензор за отпечатоци.
Помалиот партнер Redmi 6А нема сензор за отпечатоци, го има истиот дисплеј и го користи процесорот со 4 -јадра Хелио А22 со работен такт од два гигахерци (исто така правен по 12 нм процес).
РАМ меморијата е намалена на 2 ГБ и 16 ГБ за апликации. Главната камера на поевтиниот модел е единствена и има резолуција од 13 мегапиксели. Батеријата има капацитет од 3000 милиампер часови и според „Сијаоми“, обезбедува до 19 дена во режим на мирување.
Redmi 6 ќе се продава за 799 јуани (125 долари) со 32 ГБ РОМ и 999 јуани (156 долари) за варијантата од 64 ГБ. Redmi 6A ќе чини 599 јуани (93 долари).
Се уште нема информација кога ќе почне продажбата на овие модели во Европа.