Оние кои се сопственици на некои од првите производи на Apple, наскоро би можеле да доживеат непријатно изненадување, а станува збор за првата генерација на Apple Watch.
Имено, новиот оперативен систем за часовниците на компанијата Apple, watchOS 5, нуди низа на нови опции, но нема да функционира во рамките на првата генерација на паметните часовници на оваа компанија.
Тоа значи дека моделите за кои се издвојуваше по 10.000 долари сега се потполно безвредни, односно дека нема да ги добијат новите опции.
Иако првата генерација се појави пред три години, изненадувачки е фактот што Apple толку бргу ја укинува поддршката, а посебно ако знаеме дека станува збор за модели кои чинат и по неколку илјади евра.
— Kyle Seth Gray (@kylesethgray) June 4, 2018
Првата генерација и понатаму ќе функционира во рамките на WatchOS 4 оперативниот систем, но се очекуваше Apple да понуди подобра поддршка за поскапите модели, и да им излезе во пресрет на клиентите кои за своите уреди издвојуваат прилично големи суми на пари.
Љубителите на паметни часовници и понатаму се надеваат дека Apple наскоро ќе понуди некој вид на поддршка и за првата генерација на часовниците од оваа компанија, или дека ќе им понуди попуст на оние кои за своите први часовници платиле по неколку илјади долари.